Постекоглу: За да бидеме подобри, неколку играчи треба да си заминат од Тотенхем

Енџи Постекоглу, тренерот на Тотенхем кажа дека ќе има заминувања од екипата во летниот преоден рок. Постекоглу кажа дека тоа е неопходно за тимот да биде подобар.

Постекоглу нме откри за кои играчи станува збор на кои ќе им биде дозволено да си заминат од Тотенхем во летниот преоден рок.

„Да, имаме донесено неколку одлуки за заминувања во летниот преоден рок. Тоа е единствениот начин да се промени тимот и да бидеме подобри. Понекогаш треба да се остават луѓето кои мислат дека некој играч е добар. Но, ќе мора да се менуваме“, рече Постекоглу.

Се вчитува...