Легенда на Реал Мадрид доаѓа кај Роналдо во Ал Наср

Фудбалскиот клуб Ал Наср сака да направи уште помоќен тиум од сегашниот, за да ја нападне титулата во Саудиска Арабија. Затоа на местото спортски директор стигнува легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Јеро.

Некогашниот капитен на „кралевите“, кратко беше селектор на Шпанија на Мундијалот во Русија, во Ал Наср стигнува по напуштањето на Чивас од Мексико.

Јеро има богата биографија, но никогаш не се прослави како тренер. Тој ќе има задача да носи засилувања во екипата во битка за титулата. Ал Наср оваа сезона може да се задоволи само со второто место, затоа што Ал Хилал ја освои титулата.

Се вчитува...