Започна детскиот фолклорен фестивал „Весел петок“

17

Со културно-уметничка програма, во дворот на основното училиште „Даме Груев“, започна второто издание на детскиот фолклорен фестивал „Весел петок“.

Тридневниот фестивал е во организација на КУД „Илинден“ и ОУ „Даме Груев“, со поддршка од Општина Битола и ЈОУ КИЦ Битола, а истиот се организира по повод христијанскиот празник – Источен петок Балаклија, кој е познат во Јени Мале како Градски – Селски Велигден.

Дел од програмата на фестивалот се: КУД „Далмација Дуги Рат“, Р Хрватска, „ГАНИП“ – Пожаревац“, Р. Србија, КУД „8 Октомври“ – Крива Паланка, ученици од ОУ „Даме Груев“ – Битола, АНИП „Орце Николов“ – Скопје, КУД „Илинден“ – Демир Хисар, КУД „Дримкол“ – Вевчани и КУД „Илинден“ – Битола.