„Да престане со нечесното играње кон Македонците и да престане да се третираат како монета за поткусурување“, порача од Струга претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски.
Тој забележа дека „лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски го лаже народот во врска со промената на Уставот, односно дека ќе поддржи промена со одложено дејство на важење кога ќе влеземе во Европската унија“.
„И практично кога ги анализираме двете главни политички партии СДСМ е спремен да предаде и тоа веднаш и не се крие за предавството, меѓутоа проблемот кај ВМРО – ДПМНЕ е што сакаат тоа да го скријат од народот, односно да го излажат народот и да дојдат да го направат тоа предавство по завршувањето на парламентарните избори“ рече Јакимовски.
Н. А.