Проекција на долгометражниот музички документарен филм The Hip – Brainstorm

12

На 15 март 2024 година (петок), 20:00 часот во КСП Центар- Јадро ќе биде проектиран долгометражниот музички документарен филм The Hip – Brainstorm и дискусија на режисерот Јане Алтипармаков со филмскиот критичар Златко Ѓелески.

Филмот The Hip- Brainstorm е продолжение, своевидно документарно надополнување на долгометражното ДВД- видео издание The Hip – Reality Overdrive.

Во филмот се појавуваат: Васко Атанасовски (Бернајс Пропаганда, Балкан Велики), Toшо Филиповски (автор на првата сеопфатна македонска рок енциклопедија), Саша Павловиќ (Suns), Ивица Димитриевиќ (SIZ), Мирко Попов (PMG Kolektiv), Костадин Шурбановски (Канал 103), Сеад Хаџиќ – Сецко (Last Expedition, Mooger Fooger), членовите на бендовите The Hip, Morbid Joker, Музичка Младина. Во филмов ексклузивно се измонтирани архивски снимки од настапите на Електрични Оргазам, Екатарина Велика, легендарните Nirvana, Psychic TV, Buzzcocks, Sonic Youth, Young Gods.

АКСИОМА е асоцијација за културна соработка и истражување, која организира интердисциплинарни и мултиуметнички настани/проекти, организира концерти, издава книги од областите на современата естетика, ремикс културата, критичките теории исл., организира изложби и работилници за млади и потајно навива македонската авангардна или „терсене“ музика да стане идеја-водилка на сите уметности.

Режија и продукција: Јане Алтипармаков

Автор на оригиналната идеја: Љубиша Петрушевски

Продукција и монтажа: Михаил Димитров

Звучен дизајн: Валентин Видовиќ

Директорка на фотографија: Наташа Гелева

Снимателка: Ања Илиева

Дополнителна монтажа: Зоран Чаневски и Димитар Илиевски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.