Поврзи се со нас

Гостивар

Одржувачите на зеленилото во Гостивар со полни раце работа

Објавено

на

Се засилуваат активностите за пролетно уредување на зеленилото на јавните површини во Гостивар. Деновиве работниците од Јавното претпријатие „Паркинзи и зеленило“ го користат секој момент со добри временски услови за косење на тревата и други хортикултурни активности, со концентрација на големиот градски парк.

„Периодов ги интензивираме работите за косење на тревата која е обрасната доста, имаше дождови, такво беше времето. Тековното уредување секако се прави, да се разубави градот во време кога граѓаните повеќе време поминуваат надвор. На тоа ќе се фокусираме во следните недела-две.“, рече директорот на претпријатието, Џелал Луши.

Претпријатието имал 52 вработени поделени во сектори, од кои 18 се ангажирани во секторот за одржување на зеленилото, што според оценката на првиот човек се доволно да се извршуваат работите.

Од претпријатието апелираат да се чува и да не се уништува зеленилото и урбаната опрема.

„Најомилено место за шетање и релаксација во градот е градскиот парк. Нешто што Гостивар го има, а многу други градови го немаат. Апел до граѓаните е да го чуваат како нешто свое, да не ја уништуваат урбаната опрема, се‘ што е тука поставено, да не фрлаат отпад каде не треба…“, апелира Луши.

Гостиварското претпријатие за паркинг и зеленило е надлежно за уредување и одржување на вкупна зелена површина од околу 700 илјади метри квадратни, од кои 390 во Гостивар и 310 низ околните села.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена