еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Koja e „Орбита ИНВ„, новиот сопственик на Топланата “Скопје Север“

Друштвото за издавачка дејност, градежништво, трговија и услуги, „Орбита ИНВ“ ДООЕЛ е нов сопственик на Топланата “Скопје Север“ АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Орбита ИНВ“ е нов сопственик на Топланата “Скопје Север“

Топланата, која беше во сопственост на Топлификација АД Скопје, која е во стечај, се продаде по барање на Комерцијална банка АД Скопје пред неколку дена преку јавна берзанска аукција по принципот „се или ништо“, а почетната цена беше 350 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во третиот обид за 350 илјади евра продадена топланата „Скопје Север“

„Орбита ИНВ“ се стекна со 77.414 обични акции на “Скопје Север“, со што сега вкупно поседува 99,98% од основната главнина на Друштвото.

Топлификација повеќе не е акционер во Друштвото.

Која е „Орбита ИНВ“

Телевизијата Телма објави дека сопственик и директор на „Орбита ИНВ“ е Ајри Шеј.

Компанијата е формирана во 2005. година, со основачки влог од над 76.000 евра.

Како што објави телевизијата таа се јавува како сопственик на уште три компании регистрирани во земјава, заедно со бизнисменот од Албанија, Глигор Јоти.

Според Телма, станува збор за „ИТД Дистрибуција“, Инфософт Системс“ и „ЦПП Услуги“ ДОО Скопје. Првата добила неколку тендери на државни институции за канцелриски материјали, а втората и третата за одржување на софтвери и сајбер безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не ги купи 25. акции на Топлификација во ТЕ-ТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешен секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров, на негово место назначена Наталија Митовска

Редакција

Силјановска за омаловажувањата дека син ѝ свирел на кавал во парк: Јас сум горда на Павле

Редакција

Директорката на Токсикологија која незнае македонски направи милионски долг и не сака да вработи потребни кадри, обвинуваат вработените

Редакција