Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) нема да ја казни германската репрезентација за акцијата пред натпреварот од Светското првенство во 2022 година.

Фудбалерите вчера пред натпреварот со Јапонија ја покрија устата со раце додека се правеше тимска фотографија.

Фудбалерите го направија ова во знак на протест против забраната на ФИФА да се носат капитенските ленти „Една љубов“.

Германскиот фудбалски сојуз реагираше: „Да ни се ускрати правото да носиме ваква лента е исто како да одбиете гласање.

За човековите права не може да се преговара“.

Германија го загуби натпреварот од 1. коло од групната фаза на Светското првенство од Јапонија со резултат 1:2



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.