Актуелниот МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, Џоел Ембид не е во конкуренција за одбрана на престижната награда со оглед на поголемиот број на пропуштени натпревари поради повреда. Центарот се врати во ростерот на Филаделфија за плеј-офот, но таму неговиот тим се наоѓа во тешка ситуација бидејќи има негатива од 2-0 во четвртфиналната серија против Њујорк.
Вториот пораз дојде по луда завршница во која Њујорк забележа победа од еден посед (104-101), но еден детал од натпреварот повеќе ги загрижува фановите на Филаделфија бидејќи се чини дека Ембид заработи нова тешка повреда. Новиот репрезентативец на САД во петтата минута од средбата доби удар со лакт од страна на Кели Убре по што веднаш се фати за лицето.
Joel Embiid has been seen struggling with his left eye since Game 1. I think I may have found why.
The problems seem to have started when Kelly Oubre Jr. appeared to make contact with Embiid’s face going up for a rebound in Q1 of Game 1. Video breakdown below. #Sixers pic.twitter.com/FyekSbu3yU
— Erin Grugan (@eringrugan) April 23, 2024
Ембид остана на теренот до самиот крај, но кога и да се најде во фокусот на камерата впечатлив беше проблем со левото око кое постојано му беше отворено, додека десното функционираше нормално. По натпреварот, во текот на интервјуто во соблекувалната тој ја покриваше левата страна на лицето што наговести посериозен проблем.
Embiid: “We should be 2-0. We’re good. We’re going to win this series.” pic.twitter.com/yM6L909cC8
— PHLY Sixers (@PHLY_Sixers) April 23, 2024
За истиот Филаделфија не се огласи, а на последниот тренинг на тимот Ембид се појави со очила за сонце. Докторот Брајан Шатерер кој анализира и објаснува спортски повреди на платформата „Јутјуб“ смета дека станува збор за оштетување на нерви на лицето или Белова парализа. Двата случаи се повремени, но засега останува неизвесно дали актуелниот МВП ќе може да настапи на следните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА