Поврзете се со нас

Англија

Касемиро посрамотен како никогаш претходно во кариерата: Играчите на Кристал Палас го избезумија Бразилецот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Касемиро своевремено беше симбол за цврстина во средниот ред и коректор кој може да се справи со најдобрите офанзивци во светот, но во последно време Бразилецот изгледа непрепознатливо во тимот на Манчестер Јунајтед.

Фудбалерот кој освои се што можеше да се освои со Реал Мадрид се најде на „ѕидот на срамот“ по поразот кој го претрпе Јунајтед на „Селхрст парк“, бидејќи навистина искусниот Бразилец беше убедливо најлош играч на Јунајтед.

Касемиро изгледа доста истрошено и бавно во оваа фаза од сезоната, а Џејми Карагер му испрати брутален совет и му препорача дека нема потреба дополнително да се посрамотува во Премиер лигата.

Легендата на Ливерпул го советуваше Касемиро да си замине од Јунајтед и да замине во Америка или Саудиска Арабија каде не се игра фудбал на највисоко ниво, сето тоа како резутлат на бруталната статистика која ја пренесоа сите угледни британски медиуми.

Касемиро вчера едноставно не можеше да најде крај со противници како Езе и Олис, па дури осум пати беше издриблан за време на натпревар, повеќе од било кој играч во текот на еден меч оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни