(ВИДЕО) „Пинк пантери“ ограбиле златари во Атина

by Фокус

Поголема група составена од лица на возраст од 50 до 53 години се уапсени во Грција осомничени дека ограбиле најмалку две златари. Пленот кој бил одведен во кражбите се проценува на над 300 илјади евра.

Властите во Атина веруваат дека лицата кои „оперирале“ се припадници на криминалната група „Пинк пантер“.

Безбедносните камери на една од ограбените златарници го снимиле моментот кога ограбувачот го вадел накитот од излозите.

Крадците во вечерните часови влегувале во напуштената зграда, правеле дупка во ѕидот, а потоа еден од нив влегувал во златарницата и го земал пленот.

Осомничените се лица со српско државјанство, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите на грчките власти тие се користеле со лажни документи, управувале со возила со странски таблички кои биле регистрирани на лица без криминално досие.

Грчката полиција објави дека двајцата осомничени Срби имаат богати криминални досиеја.

Поврзани новости