Барселона прими потполно исти голови против ПСЖ и против Реал (Видео)

Минатата недела беше за заборав во Барселона. Каталонскиот гигант претрпе два пораза по кои остана надвор од трката за двата највредни трофеи. Најпрво, Барселона на свој терен загуби од Пари Сен Жермен со 1:4 и беше елиминрана од Лигата на шампионите, а синоќа загуби и од Реал Мадрид на гости на „Сантијаго Бернабеу“, по што ја загуби можноста и да го одбрани трофејот во првенството.

Одбраната дефинитивно е послабиот дел во тимот на Барселона. Недозволиво е да се примат седум погодоци на две дерби-средби кои ја решаваат сезоната. Сепак, и не е толку чудно што каталонскиот гигант има слаба одбрана, ако се погледне дека едноставно грешките им се повторуваат.

На дуелот против ПСЖ, Дембеле даде гол за гостите од една акција која буквално како да ја ископираа синоќа фудбалерите на Реал Мадрид, а овојпат во улога на реализатор беше Лукас Васкес.

- Оглас -

Најнови вести