На главната презентација од WWDC 2023 вчера, ги видовме сите новини кои ги очекувавме од Apple, а остана уште да пишуваме за macOS. Овој оперативен систем чудно беше со најмалку неофицијални најави, па новините кои се дел од наредната верзија, се доста добро изненадување.

macOS Sonoma е името на macOS 14, а како главна новина можеме да ја истакнеме можноста за поставување на „виџетите“ од десната лента, директно на десктопот. Со ова корисниците можат подобро да ги организираат информациите кои сакаат да ги гледаат, па тие најважните да ги постават секогаш видни на екранот.

Уште поинтересно, со помош на Continuity функцијата, „виџетите“ од iPhone можат да бидат поставени на macOS, па корисниците со тоа добиваат уште поголем избор, со оглед на тоа што на десктоп и не е така голем.

Покрај ова, уште една новина може да се каже дека е доволно голема, а тоа е конечното воведување поддршка за веб апликации во Safari. Тоа значи дека корисниците ќе можат да ги прикачуваат веб страните на „докот“ и да ги отвораат како да се инсталирани апликации. Како и кај другите прелистувачи, ова може да се прави за апликациите кои поддржуваат инсталација, како и за сите други страни.

Дополнително, macOS Sonoma добива поддршка за прикажување на корисникот што презентира врз самата презентација, исечен само тој од позадината, а тука се и профилите кои може да се креираат во Safari.

„Виџетите“, исто како и кај другите системи од Apple, стануваат интерактивни, што значи дека одредени функции може да се извршат директно од нив, без потрба од вклчување на апликацијата.

Apple го претстави и Game Mode, режим кој овозможува поголем приоритет на процесорот и графичкиот професор кога се играат игри, како и намалување на латенцијата за звукот и контролерите.

Од компанијата најавија неколку игри кои стануваат достапни на macOS, но сепак, нивниот оперативен систем се’ уште не е првиот на кој се помислува кога се во прашање игрите.

Деталите од Apple за новините во macOS Sonoma можете да ги погледнете на нивната страна тука.

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple ги претстави новиот М2 Ultra чип, заедно со нова генерација Mac Studio и за првпат Mac Pro кој работи со чип од компанијата
Следна статијаSamsung ќе ја претстави наредната генерација од нивните уреди на преклоп во Сеул на крајот од јули
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.