Гласачите во Мелбурн убедливо за Силјановска Давкова

Во вторникот започнаа гласањето за претседателските избори во дијаспората, а според неофицијалните прелиминарни резултати до кои дојде НетПрес, уверлив победник на австралиската метропола Мелбурн е кадидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Според информацијата, Силјановска Давкова на гласањето во дилоамтско-кинзуларното претставништво во Мелбурн освоила 18 гласови, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска добила три гласа, а актуелниот претседател и кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, како и Максим Димитриевски од ЗНАМ добиле по еден глас. Инаку, според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) во Мелбурн вкупно за претседателските и парламентарните избори пријавени се 64 македонски државјани.

Официјално, резултатите од денешното гласање во странстви, заедно гласањето на болните и изнемоштените, затворениците во казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови, ќе бидат познати утре, заедно со резултатите од гласањето во земјата.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии денеска од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на македонски државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел – 93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит – 34, Загреб – 87, Канбера – 31, Копехаген – 74, Лондон – 87, Љубљана – 332, Минхен – 166, Мелбурн – 64, Њујорк – 85, Осло – 41, Париз – 44, Прага – 52, Рим – 30, Стокхолм – 85, Торонто – 117, Хаг – 65, Чикаго – 88, Анкара – 18, Варшава – 23, Мадрид – 18, Пекинг – 12 и Софија -22.

Другите македонски граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.