Сијарто: Унгарија нема да ја укине забраната за увоз на жито од Украина

by Fokus

Унгарија ќе ја задржи на сила забраната за увоз на жито од Украина и покрај притисокот од ЕУ, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој рече дека укинувањето на забраната ќе значи колапс на земјоделците во Унгарија.

„Што се однесува до забраната за увоз на земјоделски производи од Украина, ние ќе ја задржиме. ЕУ изврши огромен притисок да се укине, но тоа би довело до колапс на унгарските земјоделци и тоа не можеме да го дозволиме“, нагласи Сијарто.

Поврзани новости