Кари прв играч во историјата на НБА кој постигнал 3.600 тројки

Kошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, надмина 3.600 погодоци за три поени.

Триесет и петгодишниот Американец го реализира својот 3.600-ти шут надвор од лакот ноќеска на натпреварот со Бруклин во Њујорк.

Кари стана првиот кошаркар со вакво достигнување. Тој е сопственик на рекордот за најмногу постигнати тројки во НБА.

Против Бруклин нетс Кари постигна четири тројки и со вкупно 29 поени беше најефикасен во победата (109:98) на неговиот тим.

Голден Стејт со биланс 22 победи и 25 порази се наоѓа на 12.место во Западната конференција на НБА-лигата

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО