Холанѓаните немаа милост: Познат клуб исфрлен од елитната лига во сред сезона!

Холандскиот тим Витесе во следната сезона сигурно ќе игра во втората лига, откако клубот денеска и официјално доби казна со одземање на дури 18 бодови. Витесе кој се бореше за опстанок, по оваа казна дојде во минус бодови (има минус еден бод) и нема никакви шанси да се спаси, па јасно е дека во следната сезона ќе игра во втора лига.

„Независната комисија за лиценцирање изрече казна од 18 бодови за Витесе. Клубот ја доби оваа казна затоа што веќе неколку пати не ги исполни условите за лиценцирање на играчи во тек на подолг временски период“, стои во соопштениет од холандската фудбалска федерација.

Бидејќи го крајот на првенството останаа само уште четири кола, Висе секако ќе остане последен на табелата. Овој клуб е формиран во далечната 1892 година, пет пати бил вицепрвак на Холандија, а во 2017 година стигна до најголемиот успех а тоа е освојување на трофејот во Купот на земјата.

Витесе има и многу настапи во Европа, па може да се пофали дека биле на мегдан со клубови како Реал Мадрид, Ливерпул, Спортинг, Рома, Вердер, Ленс, Бордо, Лацио, АЕК, Ница, Базел, Тотенхем. Во последните 35 години беа дел од елитниот холандски фудбал, но сега ќе мора да играат во втора лига.

- Оглас -

Најнови вести