74 годишната Лилјана од Штип и годинава ги започна подготовките за Велигден со вапцување на јајца во црвена боја

74 годишната Лилјана Панова од Штип и оваа година ги започна подготовките за најголемиот христијански празник Велигден. Утринава ги бојадиса јајцата, а веќе е започната и подготовката на благото. Баклава мора да има на велигденската празнична трпеза, вели Панова оти тоа е традиција која останала да се негува од оддамна. Во петок целото семејство се собира на посно гравче.

„Прво рано на сабајле станам и вапцам ги јајцата. Вапцувам 33 јајца, колку што се годините на Исус Христос кога е распнат. Потоа почнувам со подготовката на благото. Во петок се собираме целото семејство на гравче. Тоа е останата традиција од моите мајка, баба. По ручек одеме на црква.„ – вели Панова.

Велигден е еден од најголемите христијански празници, па собирањето на целото семејство на трпезата преставува радсот и сплотеност. Ова се денови кога се простува и се дава можност на добрината. Семејството е дома, сплотено и собрано на едно место.

„Радост и сплотеност симболизираат. Семејството да се дружи оти во последно време сите се отуѓија. За овие празници јас мислам дека секое семејство се собира дома, тогаш се наоѓа време за да се дружат.“ – додава Панова.

За Велигден се врзуваат многу обичаи и обреди. Капењето со црвено јајце и здравец, спротнувањето под маса. Сепак најважниот момент е дарувањето со јајца во недела.

Според старите обичаи на Велики четврток пред изгреј сонце домаќинките ги вапцаат првите велигденски јајца во црвена боја, а потоа започнуваат подготовките за велигденската трпеза.

Лаура Стојанова М-Нет