еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Астра Зенека“ признаа дека нивната вакцина може да предизвика згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца

Фармацевтската компанија АстраЗенека првпат во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 во ретки случаи може да предизвика несакани ефекти, вклучително и згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.

„Причината за синдромот е непозната. Синдромот на тромбоцитопенија (ТТС) може да се појави и без вакцината на АстраЗенека или која било друга вакцина. Каузалноста ќе треба да се докаже професионално,“ се вели во соопштението на компанијата.

Во Велика Британија е покрената колективна тужба против АстраЗенека, во која се тврди дека употребата на нивната вакцина „КовиШилд“ (CoviShield) довела до смрт и сериозни повреди и се бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви.

И Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека вакцината на Астра Зенека може да предизвика тромбоцитопениски синдром, кој вклучува ненадејни и сериозни случаи на згрутчување на крвта поврзани со низок број на тромбоцити.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по скопски општини: Чаир и Аеродром со најмногу заболени од корона вирусот

Редакција

СЗО: Според првичните информации лицата заразени со сојот омикрон обично имаат поблага форма на болеста

Редакција

Ски-картите за Попова Шапка, ќе важат и за следна сезона

Редакција