4 хороскопски знаци кои не се заинтересирани за сериозна врска или брак (и повеќе сакаат авантури)

Водолиите имаат многу соништа и цели кои се надеваат дека ќе ги остварат, а сметаат дека сериозната врска може да биде пречка во ова. Па, настојуваат да бидат сингл.

4-horoskopski-znaci-koi-ne-se-zainteresirani-za-seriozna-vrska-ili-brak-i-povekje-sakaat-avanturi-01.jpg

Некои хороскопски знаци едвај чекаат да го почнат заедничкиот живот со партнерот којшто го сакаат.

Но, некои хороскопски знаци не покажуваат интерес за сериозни врски, уште помалку за брак, и повеќе сакаат да имаат отворени опции и можности за авантури.

Секако, не значи дека ова важи за сите луѓе со овие хороскопски знаци, но повеќето сакаат прво вистински да се забавуваат, пред да „се смират“ со една личност.

Па, кои хороскопски знаци спаѓаат во оваа категорија?

Овен

Овните се спонтани и сметаат дека сериозната врска може да им биде пречка во желбата за авантура.

Сè додека не најдат партнер кој може да го следи нивното динамично темпо, тие претпочитаат да бидат сами.

На Овните им е тешко да бидат на исто место долг период и знаат дека ова е карактеристика што може да предизвика проблеми во сериозната врска.

Дури и ако најдат партнер со кого сакаат да го поминат целиот живот, тие ќе ја ценат нивната независност и нема да дозволат овој партнер да ги „гуши“.

Близнаци

Близнаците се преплашени од помислата дека можат да испуштат некоја можност или дека нема да ги искусат сите авантури во животот.

Поради ова, повеќето настојуваат да бидат сингл и да ги истражуваат нивните опции наместо да се посветат на само една личност.

Можеби отстрана ова делува себично, но Близнаците не сакаат да ги повредат другите.

Тие се свесни дека веројатно не би издржале долго во врска, па не ни даваат таква надеж.

Тие сметаат дека е подобро да бидат сами и да се забавуваат, отколку да ѝ се посветат на некоја личност, за само да ѝ го скршат срцето кога ќе им се роди желба за нова авантура.

4-horoskopski-znaci-koi-ne-se-zainteresirani-za-seriozna-vrska-ili-brak-i-povekje-sakaat-avanturi-02.jpg

Скорпија

Скорпиите избегнуваат сериозни врски бидејќи се плашат дека ќе бидат повредени.

Тие не сакаат да ѝ се посветат на погрешната личност, за на крај да останат сами и со скршено срце.

Поради ова, настојуваат да бидат сингл и им даваат предност на кратките авантури.

Дури и ако вистински им се допаѓа некој, помислата дека можат да бидат излажани, изневерени или оставени не им дозволува да направат нешто во врска со тоа.

Водолија

Водолиите се плашат дека сериозната врска ќе биде ограничување, иако се свесни дека ова не е секогаш точно.

Тие ја ценат својата слобода и имаат огромни соништа кои се надеваат дека ќе ги остварат.

Водолиите стравуваат дека можеби ќе избрзаат со одлуката да стапат во брак или да почнат сериозна врска, па подоцна ќе мораат да се откажат од некоја голема цел за која се сигурни дека ќе ги направи среќни.

За Водолиите, во животот има многу поважни работи од љубовните врски, па воопшто не се брзаат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg