Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Провокаторот Мбапе предизвикал тепачка во тунелот на „Монжуик“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_inside

Пари Сен Жермен ја победи Барселона со 4-1 и со вкупни 6-4 обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите каде за ривал ќе ја има Борусија Дортмунд.

Гостите од Франција максимално го искористија црвениот картон на Араухо и сите инивидуални грешки на домашните играчи, па на „Монжуик“ направија комплетен пресврт во кој со два гола учествуваше и Килијан Мбапе. Еден беше од пенал, еден кога Барса тргна на се или ништо, па се создаде простор по кој по мешаницата среќно дојде топката до него и лесно му беше да ја спроведе во мрежата на Тер Штеген.

Напаѓачот како и сите во таборот на ПСЖ беа среќни и задоволни, но Мбапе при прославата претерал и настанал хаос во тунелот на стадинот. Имено „Мундо Депортиво“ пренесува дека Французинот при влезот во тунелот, патот до соблекувалната почнал да вика и порачува „ова е фудбал и теренот е место каде што зборуваме“.

Оваа порака, зборови на ѕвездата на гостите не поминале добро кај домашниот табор, играчи кои од претходно беа нервозни и сметале дека ова е дополнителна провокација за нив по што настанала мешаница, хаос, имало навреди, викања, ситуација во која учествувале 60 луѓе.

На крајот ситуацијата се смирила без никој посериозно да биде повреден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни