За напаѓачот на Челзи, Кристијан Пулишиќ се заинтересира Милан, пренесува „Marca“.

Тренерот на „сините“ Греам Потер нема планови за 24-годишниот фудбалер во иднина, па летово ќе му биде дозволено да бара нов клуб.

Милан веќе почна да работи на потенцијален потпис на Американецот. Ситуацијата на фудбалерот ја следат и Њукасл, Манчестер јунајтед и Арсенал.

Пулишиќ оваа сезона забележа 21 настап за сините во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и две асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на американскиот репрезентативец на 38 милиони евра.


Администратор
25/01/2023 00:14