Марсел Хиршер се враќа на скијањето, но не како Австриец

од Симе Стоиков

Големиот Марсел Хиршер се враќа на скијањето и натпреварувањето на 36 години. И тоа по пет години во пензија!

По враќањето од пензија, легендарниот Австриец повеќе нема да настапува за својата земја, туку под знамето на Холандија, земјата од каде што е неговата мајка.

Хиршер планира да се натпреварува на Светското првенство во сезоната 2024/25.

Промената на скијачкото државјанство ја овозможи Скијачката федерација на Австрија која едногласно го одобри неговото барање.

„Жалиме за неговата одлука да побара промена на државјанството и да се натпреварува за Холандија, но на крајот сепак ја поддржавме“, е пораката од Скијачкиот сојуз на Австрија.

Хиршер се пензионираше на врвот на својата кариера во септември 2019 година, откако освои осум Големи кристални глобуси по ред (од 2012 до 2019 година).

Хиршер е и освојувач на три олимписки медали, од кои две златни и еден сребрен.

На Светските првенства освои седум злата и има вкупно 67 победи на Светскиот куп од кои 32 во слалом.

Слични содржини