Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Johnny“ – филм на Нетфликс

Откако судот го испраќа да работи во хоспис центар, поранешен криминалец се спријателува со сочувствителен свештеник кој му го менува животот.

Жанр: биографија / „IMDB“ оценка: 6.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„The Night Agent“ – серија на Нетфликс

Додека ја надгледува линијата за итни случаи, агент на ФБИ одговара на повик што го втурнува во смртоносен заговор…

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 75%

„The Little Things“ – филм на Ејџ-би-о

Заменик шерифот на округот Керн, Џо „Дик“ Дикон е пратен во Лос Анџелес за она што треба да биде брза задача за собирање докази. Наместо тоа, тој е вплеткан во потрага по сериски убиец кој го тероризира градот.

Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 6.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 44%

„Succession“ – серија на Ејџ-би-о

Логан Рој и неговите четири деца контролираат еден од најголемите медиумски конгломерати на светот. „Следоред“ го прикажува семејството Рој додека ја планираат својата иднина откако таткото ќе се повлече од компанијата.

Жанр: црна комедија / „IMDB“ оценка: 8.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 95%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот