Хилари Даф се породи дома: Го доби четвртото дете, а објави и фотографија од бебето!

Хилари Даф се породи и го роди четвртото дете, трето со сегашниот сопруг Метју Кома.

Познатата актерка дома родила ќерка, која го доби името Towns Meadow Bear, а за се ја информираше јавноста на Инстаграм. Имено, таа ги сподели сликите направени веднаш по доаѓањето на нејзината ќерка на светот и за кратко време собра над милион лајкови.

„Towns Meadow Bear, сега знаеме зошто не натера да чекаме толку долго… Ги усовршуваше тие образи. Сонував да те држам во раце со месеци, а изминативе пет дена кога те запознав, те гледав и мирисав, беа моменти на чиста магија. Сите те сакаме како отсекогаш да си била тука“ – напишала Хилари Даф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e