Top Sport

ПСЖ со пресврт го победи Тулуз

Без Килијан Мбапе и Нејмар, фудбалерите на ПСЖ, со пресврт го победија Тулуз во 22. коло од француската Лига 1.

Натпреварот започна шокантно за „светците“, Ван ден Бумен во 20.минута им донесе предност на гостите од Тулуз.
Сепак, до крајот на првиот дел од играта, во 38. минута, Ашраф Хакими го израмни резултатот на 1:1.

ПСЖ тргна во офанзива во второто полувреме и тоа вроди со плод по 13 минути кога на сцена стапи Лионел Меси.

Во свој стил заврши еден долг напад и погоди од околу 20 метри. Во следниот напад Меси ја погоди стативата, а Витиња не успеа одбиената топка да ја врати во голот, па резултатот остана 2:1.

ПСЖ ја зголеми предноста на врвот на табелата со 54 бодови, осум повеќе со натпревар помалку од Олимпик од Марсеј.

Тулуз остана на 12. позиција со 29 бодови.

Scroll to Top