ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Брера води со Вардар, „лавовите“ го шокираа Работнички, водство и на водечката тројка по 45 минути игра (ВИДЕО)

Водечката тројка има водство по првите 45 минути во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига. И Струга ТЛ и Шкупи и Шкендија имаат предност на патот кон нови три бода во шампионатот.

АП Брера на дуелот во Турново води со 1-0 против Вардар со голот на Цветаноски во 24. минута од средбата.

Шкендија има водство од 2-0 против Гостивар кое го стекна по само 10 минути игра. Аденис Шаља е стрелец на двата погодоци за тетовци, притоа првиот постигнувајќи го по само 40 секунди игра на натпреварот.

Струга ТЛ води со 2-1 против Силекс, со головите на Бесарт Ибраими во 23. минута и Марјан Радески во 34. минута. Единствениот гол за Силекс го постигна Игнатов во 36. минута од средбата.

Шкупи, пак, води со 1-0 против Тиквеш благодарение на голот на Арби Воша во 39. минута.

Воска Спорт убедливо со 3-0 против Брегалница, на тој начин се чини во голема мера откажувајќи ги штипјани од битката за опстанок.

Македонија ЃП, пак, има предност од 0-1 на гостувањето против Работнички. Ларсон постигна евро-гол во третата минута од судиското продолжение за водство на „лавовите“.


ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО (прво полувреме)
Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-1
Ибраими 23′, Радески 34′ – Игнатов 36′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА 3-0
Јашаровски 17′, 23′, Ѓоргиев 45′
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 1-0
Воша 39′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 2-0
Шаља 1′, 9′
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР 1-0
Цветаноски 24′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
Ларсон 45’+3

Се вчитува...