Рајо се уште стравува за опстанокот, загуби дома од најслабата екипа во Ла Лига (Видео)

Најслабата екипа во шпанската Ла Лига, Алмерија, на четири кола пред крајот на првенството ја забележа само втората победа оваа сезона, откако со 0-1 славеше на гостувањето кај Рајо Ваљекано. Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, остана немоќен во 30-тата минута, кога Чоко Лозано, го пронајде патот до мрежата на Македонецот.

Рајо Ваљекано во моментов е на 16-тата позиција на табелата со осум поени предност пред Кадис, кој е 18-ти и во опасната зона. До крајот на првенството остануваат во игра уште максимални 12 бода, па екипата од предградието на Мадрид се уште гонема обезбедено опстанокот и тоа ќе треба да го стори на следните натпревари.

- Оглас -

Најнови вести