СПОРТФУДБАЛ

Нагелсман останува селектор на Германија до крајот на Светското првенство во 2026 година

Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот до крајот на Светското првенство во 2026 година, соопшти денеска Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ).

Нагелсман (36) ја презеде германската репрезентација во септември минатата година. Неговиот првичен договор со ДФБ беше со важност до крајот на претстојното Европско првенство.

„Ова е одлука донесена од срце. Голема чест е да се тренира репрезентацијата и да се работи со најдобрите играчи во земјата. Навистина бев трогнат од победите во натпреварите против Франција и Холандија, кои се одиграа во Март Заедно сакаме да бидеме успешни на Европското првенство на домашен терен, возбудени После тоа, со нетрпение очекувам да го преземам предизвикот на Светското првенство заедно со мојот тренерски штаб“, изјави Нагелсман, објави официјалната веб-страница на ДФБ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button