„Вaтс-ап“ воведе нова опција

Апликацијата „Вaтс-ап“ (WhatsApp) пред неколку дена ја претстави опцијата Message Yourself што им овозможува на корисниците да си испраќаат пораки сами на себе.

Досега ова беше можно само на ‘Фејсбук мисенџер’ и на „Инсаграм“, барем што се однесува до компанијата „Мета“.

За да можат корисниците на апликацијата да си испратат порака, потребно е да ги внесат контактите, каде нивниот сопствен број ќе биде прв во листата. Со допирање на контакт се отвора разговор каде што можете да испратите порака.

Функцијата Message Yourself беше најавена минатиот декември и сега е достапна на сите уреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e