Во присуство на водечките дами од словенечкиот козметички бренд „Афродита“, Звонка Новак Хабот, заменик директорка, Јудита Железник, одговорна за односи со јавноста и Катја Посл, одговорна за продажба на странските пазари и во друштво на 100-тина дами од јавниот живот, во убавиот амбиент на „Рагуза 360“ во непосредна атмосфера, дружење и музика, беа одбележани 50 години од постоењето на „Козметика Афродита“.
Помеѓу гостите беа топ моделите Марјана Станојковска и Маја Сашек, модните дизајнерки Лидија Георгиева и Росица Мршиќ, актерките Амернис Нокшиќи и Ивана Павлаковиќ, препознатливите тв лица Живкица Каленикова, Билјана Дебарлиева и Татјана Стојановска, инфлуенсерки и претставници на медиумите.
Во своето обраќање до присутните, Јудита Железник истакна дека ова е приказна која говори за традицијата, иновацијата, квалитетот, општествената одговорност, врвниот професионализам, успехот, посветеноста, но, пред сè, за убавината.
-Избираме еколошки произведувачи, ја почитуваме природата, па затоа, нашите производи не содржат силикони, парафини, вазелин, синтетички мириси и бои. Производите на „Афродита“ содржат и до 100% природни состојќи без никакви суровини од животинско потекло. Врвниот квалитет на производите, што го осмислуваме, развиваме и тестираме во нашите сопствени лаборатории, се одобрени од меѓународно признати независни институции, а нашите производи ги задоволуваат и највисоките европски стандарди Good Manufacturing Practices. Некои од производите се тестираат и под надзор на дерматолози и педијатри – велат од тимот на козметичкиот бренд.
Почетоците започнуваат во Рогашка Слатина, место познато по лековити води, во прегратките на совршената природа што ја инспирирала г-ѓа Даница Зорин Мијошек, основач и директор на компанијата. Бренд кој се грижи за своите корисници, од разбирањето на нивните желби, потреби и очекувања. Сложена приказна, но со едноставна цел: „Како да воодушевиме и да помогнеме да се чувствуваме убави во сопствената кожа“.
„Козметика Афродита“ е приказна за два бренда „Beauty care“ и „Afrodita professional“, кои денес, со повеќе од 650 козметички производи ги воодушевуваат потрошувачите ширум светот, а благодарејќи на „Саманта доо“, како дистрибутер, овие производи ги има и на македонскиот пазар, па затоа на овој убав настан им беше доделена плакета за успешна и долгогодишна соработка со словенечкиот бренд.
Првиот бренд „Beauty care“ се производи за поширока потрошувачка и се наменети за нега на лице и тело, a вториот „Professional care“ вклучува производи наменети за професионална употреба за козметички и фризерски салони и за велнес и спа центри за нега на лице, тело и коса. Овој бренд изминативе години доживеа експанзија со помош на исклучителната златна козметика. Златото како симбол за гламур, сјај и престиж се повеќе се користи во козметиката. За првпат „Афродита“ го употребува во производите „Pure Gold“ и „Pure Gold Divine“, во кои парченца злато синергиски се поврзани со изофлавони од соја и со висока концетрација на дермо – козметички состојки. Раскошната и луксузна текстура, која значајно го подобрува тонусот на кожата и делува ефектно врз брчките.
И во иднина „Афродита“ останува посветена на природата, квалитетот и останатите темелни вредности, за да се чувствуваме удобно во сопствената кожа, здраво, привлечно, сензуално, самоуверено, природно и убаво.
Нема коментари