Вести Македонија Топ вести

Коалиција „Вреди“: Ќе ги затвориме казината и обложувалниците, а државните компании ќе им ги вратиме на граѓаните

Коалицијата „Вреди“ од албанскиот опозициски политички блок, во која се партиите „БЕСА“, „Алтернатива“, Демократско движење“, крилото на Таравари и претставникот на косовското движење „Самоопределување“ ја почнаа кампањата за парламентарните избори од Скопје, од плоштадот Скендербег.

Пред седиштето говореа претседателите на партиите кои се носители на избирачките листи, а во своите обраќања најавија и дел од мерките во нивната програма.

Државните компании и јавните претпријатија ќе се вратат во рацете на граѓаните кои ше станат сопственици на 49 отсто од акциите со што ќе се подигне и стандардот на населението и економијата.

Гасење на индустријата за игри на среќа како и забрана за брзи кредити е исто така дел од програмата на Коалицијата „Вреди“

Поголеми овластувања и моќ на локалната власт е една од клучните мерки во предизборната програма.

Лидерите на коалициските партии повикаа на што поголем одзив и поддршка на кандидатот за претседател Таравари во првиот круг избори на 24 април.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дебата на ТЕЛМА: Претседателските кандидати Пендаровски и Силјановска пред вториот изборен круг

Дејан Дејан

Излетничките места полни со граѓани за 1-ви Мај

Дејан Дејан

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе