Нереди во Брисел, откако Белгија изгуби од Мароко

by Fokus

Судири избија во Брисел по победата на Мароко над Белгија, на Светското првенство во фудбал во Катар.

Десетици луѓе ги нападнале редарите, објави полицијата. Пред крајот на натпреварот, „десетици луѓе, меѓу кои и маскирани, предизвикаа судар со редарските служби во центарот на градот, со што ја загрозија јавната безбедност“, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата наведува дека насобраните употребиле пиротехнички средства и палки, а со камења ги гаѓале редарите и запалиле семафор, а на една улица избил и пожар.

„Еден новинар е погоден во лице со пиротехничко средство“, јави полицијата која одлучила да интервенира соводени топови и солзавец.

Стотина полицајци учествувале во интервенцијата додека незадоволните ги гаѓале со камења.

Поврзани новости