20 Април, 2024
0.0887

СТУДЕНТИ ВНИМАТЕЛНО ПОПОЛНЕТЕ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ И ВНЕСЕТЕ ПРАВИЛНА ТРАНСАКЦИСКА - МОН го објави повикот, се чекаат парите

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Министерството за образование и наука информира дека на неговата веб-страница (www.mon.gov.mk) е објавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк што подразбира добивање месечен паричен надомест од околу 2.400 денари во девет  месеци во годината.

Рокот за пријавување за тековните студенти е од утре (25 ноември) до 3 декември 2022 година.

Аплицирањето е електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/. На повикот може да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на земјава.

Апликантите треба да ги исполнуваат и следните услови: да не се во редовен работен однос; да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

-При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк, а воедно упатуваме апел да го погледнат и документот – Насоки за внесување на трансакциска сметка при пријавување за субвенциониран студентски оброк, соопшти Министерството за образование и наука.

МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, кои ги поседуваат МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите.

По завршување на рокот за пријавување, секој апликант ќе биде известен од МОН за статусот на пријавата по електронски пат. Годинава, исплатата ќе се реализира ретроактивно за периодот од 15 септември.

-МОН обезбедува и непосредна поддршка за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк преку Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството, се наведува во соопштението.

Финансиската поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови, не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите