Breaking News

Седум лица загинаа во несреќа во напуштен рудник за злато во Либерија, соопшти министерот за рудници Пеј


Седум лица загинаа во несреќа во напуштен рудник за злато во Либерија, соопшти денеска министерот за рударство на западноафриканската земја, Вилмот Пеј.


Тој посочи дека точниот број на жртвите ќе биде познат кога спасувачкиот тим ќе стигне до локалитетот на несреќата во областа на реката Цес во централна Либерија.


„Ми кажаа дека седум лица настрадале, но тоа не можеме да го потврдиме додека спасувачката екипа не дојде на местото на настанот.

Рудникот е напуштен пред неколку месеци“, изјави Пеј, додавајќи дека не знае која компанија управува со рудникот.


Либерија, една од најсиромашните земји во светот, е богата со руди вклучувајќи злато, дијаманти и железо. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА