Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски доби пофалби од победникот Магнус, Вуков му го честиташе историскиот успех

Објавено

на

Виктор Давидовски постигна историски резултат на патеката во Џеда, Саудиска Арабија, па и не изненадува фактот што добива комплименти од сите страни за второто место на една трка од Светскиот ТЦР шампионат.

Македонскиот автомобилист со вајлд-карта настапи на последните два натпреварувачки викенди во ова првенство и на последната трка успеа да импресионира со обезбедениот подиум.

Давидовски првично го испушти второто место кое го имаше на стартот, но неколку круга подоцна се врати на таа позиција, останувајќи зад тимскиот колега Жил Магнус, а пред шампионот Микел Аскона.

Магнус во првата изјава испратил комплименти за Давидовски кој овозможи еден-два победа за тимот на „Comtoyou“ на втората трка во Џеда.

– Импресивно, навистина сум импресиониран од Виктор и многу сум среќен и поради него, – изјавил Белгиецот.

Македонската јавност исто така го одбележа големиот успех на Давидовски, а Ристо Вуков прв меѓу неговите колеги му го честиташе историскиот настап во WTCR денеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни