• петок, 26 април 2024

Протест против Орбан заради објавена снимка на негов соработник за примање мито

Протест против Орбан заради објавена снимка на негов соработник за примање мито

Будимпешта, 27 март 2024 (МИА) - Илјадници луѓе протестираа вчера во Будимпешта во близина на Парламентот, барајќи главниот обвинител и премиерот Виктор Орбан да поднесат оставка, откако поранешен владин инсајдер обвини висок соработник на Орбан за вмешаност во случај со поткуп.

Демонстрантите маршираа од канцеларијата на јавниот обвинител кон Парламентот извикувајќи „оставка“, а многумина носеа факели.

Петер Маѓар претходно објави снимка од разговор со Јудит Варга, тогаш неговата сопруга и унгарска министерка за правда, во која таа детално го опиша обидот на соработник на шефот на кабинетот на Орбан да отстрани делови од документите во случајот со поткуп.

Случајот се фокусира на поранешниот државен секретар на Министерството за правда, Пал Волнер, кој во 2022 година беше обвинет за примање мито од поранешниот раководител на судските извршители, Ѓорѓи Шадл. И двајцата се изјаснија за невини, додека обвинителството бара затворски казни за нив. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан