Од понеделник започнува летна наплата на паркинг услуга во Штип

ЈП Стипион од 1 април започнува со летна наплата на паркинг услугата. Тоа значи дека паркингот ќе се наплаќа во период од 07 часот наутро до 21 часот. Во сабота перидот за наплата на паркинг услугата е од 07 до 15 часот.

„Поради започнување со летното сметање на времето, наплатата за користење на јавниот простор за паркирање во Општина Штип од 01.04.2024 година ќе се врши од 07:00 до 21:00 часот од понеделник до петок.

За сабота, периодот во кој се наплатува за користењето на јавниот простор за паркирање останува ист од 07:00 до 15:00 часот.“ – стои во соопштението на ЈП Стипион.

Паркинг услугата во Штип се напалаќа на три начини, со купување билети, преку испраќање на СМС порака, или со месечен и годишен билет. Проблемот со слободни паркинг места се решава секојдневно со изградба на нови паркинг простори, а во тек е изградбата на првата катна гаража во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет