Поставени флаери на возилата за нивно отстранување од центарот на Штип, градот ќе биде блокиран

Посебен сообраќаен режим предвиден за недела. Централното градско подрачје ќе биде блокирано за сообраќај , оти во делот од центарот на градот до штипскот Ново Село по вторпат ќе се реализра трката Суперииор ран. За таа цел денеска ЈП Стипион делеше флаери на возачи или истите беа оставени на автомобилите, со цел истите да не се паркираат во центарот на градот. Како ќе функционира градот без сообрачај, затворен неколку часа за време на трката го прашавме градоначалникот Иван Јорданов. Вели водејќи се по праксата од минатата година проблеми не се очекуваат, оти и лани немало поплаки од страна на граѓаните.

„Па добро со оглед на тоа што организаторите го имаат пријавено овој настан во СВР Штип , секако дека сообраќајната полиција си има посебен сообраќаен режим согласно барањата на организаторите за оддржување на оваа градска трка така да со оглед на тоа што минатат а година поминавме едно позитивно искуство, немаше рекации од страна на граѓаните, напротив имаше позитивни коментари сметам, очекувам, и се надевам дека и ова година ќе помине во најдобар ред.“- вели Јорданов.

Јорданов, но и претсседателот на здружението на граѓани Супериор ран, Дејан Ѓошев, според претходното позитивно искуство се децидни дека и оваа година, со нови сили трката ќе помине во најдобар ред, исполенета со многу дружба, а во едно ќе биде и одличен настан како за градот така и за учесниците.

Лаура Стојанов М-Нет