EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Денвер Нагетс се во многу тешка ситуација бидејќи ги загубија првите два меча од Минесота, во полуфиналето на Западната конференција, па сега мора да се реваншираат на гостински терен. Минесота покажа дека во моментов е многу погладна за победа, а доколку тоа го покаже пред своите навивачи, Денвер Нагетс би можел да добие и „метла“.

Најголема грижа е што актуелните шампиони во НБА покажаа многу слабости, како во офанзивниот, така и во дефанзивниот дел на тимот. Соиграчите на Никола Јокиќ многу лесно ги загубија двата меча пред своите гледачи, а во вториот Минесота победи со дури 26 разлика (80:106).