Отсега само неа со уживање ќе ја јадете: Нутриционистка препорачува која конзервирана риба е најздрава

315

Конзервирањето ја одржува храната свежа и за јадење, особено храната која е склона кон развој на различни патогени, а во процесот на конзервирање храната поминува низ процес на стерилизација.

Нутриционистката д-р Џес Кординг вели дека, според експертите, најздрава конзервирана храна е сардината, но и другата конзервирана риба која е достапен извор на протеини, но и одржлива и не бара долга подготовка или готвење, пренесува Еспресо.

Како што објаснува таа, употребата на конзервирана риба во исхраната има бројни здравствени придобивки.

„Конзервираните сардини имаат тенденција да имаат пониска содржина на жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако свежата не е достапна“, рече д-р Кординг.

Кога јадеме сардини, додава д-р Кординг, внесуваме голема количина на протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло обезбедува мононезаситени масти здрави за срцето.

Експертите препорачуваат две до три порции конзервирана риба неделно, измешана со тестенини или самостојно, а можете да ја додадете и во разни салати.