Поврзете се со нас

Свет

Обединетите Нации прогласија „Интернационален ден на фудбалот“

Објавено

на

Фото: UN Photo/Loey Felipe

Фудбалските фанови во целиот свет во иднина ќе имаат можност да прославуваат еден ден како „Интернационален ден на фудбалот“.

Генералното собрание на Обединетите Нации официјално го прогласи 25. мај како „Интернационален ден на фудбалот“, а денот е избран во пресрет на одбележувањето на првиот организиран турнир на интернационално ниво.

На 25. мај 1924 година е одигран првиот меѓународен турнир и тоа во рамките на Олимписките игри во Париз, а на седницата на ОН одлуката била проследена со аплауз од присутните дипломати.

Резолуцијата била претставена од претставникот на Либија, а била поддржана од 160 земји, по што одлуката е донесена со консензус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни