Балканленд

ЕКСКЛУЗИВНО: Цеца ќе има концерт во Куманово па ќе паузира со настапи

Балканската фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца наскоро ќе има концерт во Куманово, дознава Музика24. Концертот е закажан за 15-ти јуни а локацијата дополнително ќе биде објавена.

„На 15-ти јуни ќе имам концерт во Куманово, се надевам ќе биде милосрден мојот менаџер па ме пушти да живеам и да уживам. Јас ќе се потрудам да не работам во текот на летото бидејќи подготвувам албум. Баш се радувам и ми треба одмор, фокус на тој албум. Бидејќи ако нон-стоп патувам таму-ваму и сум уморна просто губам фокус и енергија затоа. Затоа ми треба врема за одмор и за со моите соработници. Тоа проект кој бара да му се посветите и поинаку не може.“ – вели Цеца.

Можеби ќе ве интересира: