СПОРТ

Одбојкарките на Работнички на чекор до нова титула

Одбојкарките на Работнички на чекор до нова титула

Aктуелните шампионки, одбојкарките на Работнички ги дели уште една триумф до одбрана на титулата.

Работнички го доби и вториот натпревар од финалето против Струмица жени и поведе со 2:0 во победи.

Иако и овој натпревар Работнички го доби со „чисти“ 3-0 во сетови, сепак како и на претходниот се играше неизвесна одбојка. За тоа најдобро говори и резултатот по сетови.

Првиот во кој беа одиграни вкупно 56 поени, домашните одбојкарки го добија на разлика 28:26. Во вториот без малку иста слика. Сепак, за нијанса помал број на поени, а му припадна на тимот на Работнички со 25:23. Немаа сили гостинките да се вратат во игра, па тоа го искористија актуелните шампионки добивајќи го и третиот сет со 25:21, а мечот со 3-1.

Првата „меч“ топка за нов шампионски трофеј, трет во низа, Работнички ќе ја има во сабота на теренот на противникот во Струмица. /Sportplus.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button