Редица пензионери пред банкоматите, се вадат априлските предпразнични пензии

Редица пензионери пред банките се вадат априлските пензии пред празниците. Дел од пензионерите чекаат минимална пензија, друг дел малку повисока, но сите согласни дека барем за велигденските празници ќе има пари за празнична трпеза. За малку место, јајца и нешто благо, но благодарни се бидејќи ќе може да купат нешто и да постават на трпезата за да се прослави најголемиот христијански празник Велигден.

„Сега качено е место, 630 денари килограм јагнешко месо, за нашите услови многу е“ – велат граѓаните.

Пензиите последен пат беа покачени во минатиот месец, односно пензионерите добија покачување од 5%. Ново усогласување на пензиите се очекува во месец септември, согласно методологијата со која пресметка за пензиите се прави два пати годишно во месец март и месец септември.

Лаура Стојанова М-Нет