Вести Свет Топ вести

(Видео) Херсон е под вода, евакуација на населението – Украинците тврдат дека Русите ја урнале браната Каховка

Херсон, град на југот на Украина, е под вода, а во тек е панична евакуација на населението од поплави, откако, според украински тврдења, Русите ја „кренале“ во воздух браната на хидроцентралата Каховка.

Нивото на водата, според видеата што се споделуваат на социјалните мрежи, драматично расте, а според првичните проценки, загрозени се околу 16.000 лица. Неколку делови од градови се веќе под вода, објави Александар Прокудин, шеф на воената регионална администрација во Херсон.

Загрозени се двата брега во областа Херсон. На десниот брег е најавена евакуација на неколку населби, а „пикот“ се очекува во текот на денот.


Рускиот градоначалник на Нова Каховка, Владимир Леонтјев потврди дека нападот на хидроелектраната довел до уништување на вентили и оти водата неконтролирано почнала да истекува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван

Дејан Дејан

МВР и денеска ќе издава лични документи до 19 часот

Дејан Дејан

Македонија бира претседател на седми претседателски избори од осамостојувањето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе