Search

Ајде да гласаме!

Работите кои ги правиме или не ги правиме денес одекнуваат во иднината.

Во демократиите тоа најмногу се чувствува на изборите. Оние што излегуваат на гласање ја дефинираат иднината на една земја. Оние што не излегуваат на гласање само ја сведочат волјата на другите.

Понекогаш ќе слушнете дека не вреди да се гласа, дека се е однапред договорено – тоа ви го велат оние кои сакаат вашиот глас да не постои, некој друг да наметне политика и вредности со кои ќе мора да се живее долго време… До следните избори.

Секој глас вреди. На крајот, еден глас може да ја направи разликата меѓу напредокот и назадувањето, меѓу отвореното општество и изолацијата, меѓу слободата и тиранијата.

Ајде да гласаме!

Најново

Последни колумни