Бомба пронајдена покрај стадион на Бундеслигаш

Градежни работници пронајдоа бомба тешка 1 тон покрај стадионот на Бундеслигашот Мајнц, која најверојатно датира од првата светска војна. Се покажало дека тоа е американска бомба пронајдена во универзитетската населба, до стадионот на кој игра Мајнц.

Припадниците на надлежните служби веднаш го обезбедиле просторот околу бомбата и евакуирале околу 4500 жители во тој дел на градот, додека бомбата не биде демонтирана.

Засега не се доведува во прашање одигрување на натпреварот на „Мева Арена“ помеѓу Мајнц и Келн кој се игра во недела.

Се вчитува...