Top Sport

АС: Столе Димитриевски се договорил со Валенсија

Столе Димитриевски по завршувањето на сеозната ќе се пресели на „Местаља“ во Валенсија. „АС“, тврди дека македонскиот репрезентативец потпишал преддоговор со Валенсија.

Столе Димитриевски има договор со Рајо ваљекано до крајот на актуелната сезона, што значи дека тој како слободен играч ќе се пресели во Валенсија.

Клубот од „Местаља“ со години има финансиски проблеми, поради што мора да ги продава најдобрите играчи. Трансферот на Димитриевски значи дека клубот ќе го напушти првиот голман Мамардашвили.

За Грузиецот, минатото лето интерес покажаа клубови од Премиер лигата, а во еден момент се поврзуваше и со Реал Мадрид.

Според „АС“, Валенсија од продажбата на Мамардашвили ќе заработи 30 милиони евра.

Scroll to Top