Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Од:

Двајца албански државјани на 41 и 33 годишна возраст нелегално влегле во Македонија. Биле откриени на место викано Солунски пат од граничните служби на преминот Стар Дојран.

„ На 22.04.2024 во 18.10 часот на подрачјето на Стар Дојран на место викано „Солунски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран ги привеле Е.Д.(41) и Д.Д.(33), двајцата од Република Албанија, поради тоа што нелегално ја преминале државната граница од Република Грција кон Република Северна Македонија.“, велат од МВР.

Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска

САД ќе примаат и до 30.000 мигранти месечно, ќе протеруваат илегалци